домаМакедонијаПиперката “ајварка” пак се откупува за 25 денари килограм, револт кај земјоделците

Пиперката “ајварка” пак се откупува за 25 денари килограм, револт кај земјоделците

- Advertisement -spot_img

Ви ја пренесува информацијата од струмичките земјоделци од “Месно здружение млади Муртино” ! Само 4 дена важеше договорот за пиперката, а еве веќе наредни 5 дена пиперот во Струмичко се откупува по 25 денари килограм, за “честитка” од фабриките имаме веќе најавено и нови пониски цени за од понеделник. Па има ли крај ова безредие и безобразлук?

Каде е министерот кој што е одговорен медијатор да го спроведе и исконтролира овој “договор” до крај? -БАРАМЕ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНОТО!

Ако секоја недела имаме нова пониска цена, тогаш до крај на месецот по која цена ќе се откупува нашата пиперка од пластеници, а отпосле по која ќе се откупува од отворено поле? По која цена ќе се откупи пиперката на земјоделците од пелагонија, по 5 денари/кг?

Ова е дрска и организирана индустриска хајка против нас земјоделците.

Оваа година имаме квалитет и класификација на пиперката како никоја година претходно, коректност и професионалност од страна на земјоделецот на највисоко ниво досега, но не и доследност од страна на фабриките.

5 дена се воздржуваме од јавни објави и сме во контакт со министерот за земјоделие Борче Серафимовски – медијаторот на овој договор. Од наша страна состојбата од терен е навремено пријавена во повеќе наврати со цел да може да се интервенира навремено, настојувајки да бидеме коректни и проблемите да ги решаваме преку дијалог, но за жал ништо од тоа, на терен договорот не се почитува, а не гледаме ни некои сериозни заложби во таа насока.

Земјоделецот е турнат во организирана хајка од неколку фабрики (“џелати”) која му ја одредуваат судбината, додека државата и институциите стојат како нем посматрач глумејки немоќ, без да активираат/создадат никаков соодветен механизам да го заштитат земјоделецот – луѓето кои ја хранат оваа држава. -Дно!

Се чуствуваме изманипулирани, потценети и изреволтирани, чуствуваме како главната цел на медијаторите наши да беше само да се затиши гласот на земјоделецот и потоа се да продолжи по старо. Не ја потценувајте нашата интелигенција, не ја потценувајте раката која ве храни!

За време на последниот состанок кога се договаравме за цената за пиперката (каде во предвид ги земавме сите околности), имавме и барање за писмени гаранции од МАП дека овие цени и класи ќе се почитуваат, но тоа не го добивме.

На прашањето до министерот “Ако овде постигнеме усен договор, како вие ќе гарантирате дека овие цени ќе се почитуваат од фабриките?”, на ова министерот пред сите присутни на состанокот самоуверено одговори “После овој состанок ќе направиме прес конференција на која јавно ќе ги соопштиме договорените цени и ќе мора да се почитуваат, во спротивно ова ќе значи чекор на фабрикантите против државата и ние ова ќе го решиме” – еве го чекорот министере, дојде за неполни 4 дена од вашата прес конференција, сега на вас е редот.

Оттука се појавува и друго прашање, дали ДИЕМ и некои други фабрики во асоцијацијата на преработувачи во овие времиња демонстрираат моќ против државата, против зборот на министерот Борче Серафимовски и премиерот Христијан Мицковски кои јавно дадоа изјави пред цела македонска јавност?

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ МАНИПУЛАЦИИ ОД НЕКОЛКУМИНА ДА ЈА ОДРЕДУВААТ СУДБИНАТА НА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА!

ЧЕСНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД СИТЕ СТРУМИЧКИ СЕЛА СТАНЕТЕ! СТАНЕТЕ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ СПЛОТЕНИ ВО ЕДНО ВТОРНИК 25.08.2026 ВО 11:00 ПРЕД МЗШВ, НА МАСОВЕН ЗЕМЈОДЕЛСКИ СОБИР И БЛОКАДИ ВО СТРУМИЦА КАДЕ НА МИРЕН, ДЕМОКРАТСКИ И ДОСТОИНСТВЕН НАЧИН ЌЕ ГО ИСКАЖЕМЕ НАШЕТО НЕЗАДОВОЛСТВО!

Го повикуваме министерот Борче Серафимовски да се појави на истото место во Струмица од каде што пред 9 дена ја даде изјавата за постигнатиот договор за откуп на пиперката соопшувајки ги цените кои мора да се почитуваат.

Го повикуваме да дојде и да се сретне со граѓаните во очи, од нивни усти да слушне што ги мачи овие луѓе, со какви манипулации тие се соочуваат, и да даде магичен совет како овој земјоделец со овие примања оваа година и без исплатени субвенции најпрво ќе ја преживее зимата а истовремено да се подготви за сеидба на следната сезона.

Го повикуваме да дојде и да прошета низ струмичките села, да прошета и на откупните пунктови и со свои очи да виде каков квалитет неговите земјоделци предаваат, да виде по какви цени неговите земјоделци го предаваат родот.

Ги повикуваме нашите градоначалници: Петар Јанков, Risto Mancev , Славе Андонов, Ѓорѓе Божинов, во вторник да дојдат пред МЗШВ во Струмица и да застанат помеѓу своите граѓани, да застанат во овие тешки времиња и да дадат јавна поддршка на луѓето кои ги избрале да ги водат!

Го повикуваме премиерот Hristijan Mickoski да дојде и да направи една екскурзија и до Струмица, да се сретне со луѓето кои го избрале на кој им ветил дека како премиер ќе им биде во служба. Да дојде на терен да слушне со какви проблеми тие се соочуваат.

Јавно ги повикуваме сите национални медиуми да дојдат и да ја проследат ситуацијата од терен, да овозможат медиумски простор и транспарентност за јавноста и институциите да дознаат за нашите проблеми.

Јавно ги повикуваме новинско-истражувачките агенции во Македонија да се продлабочат во проблематиката на земјоделецот кој на секакви начини и манипулации од различни субјекти е екплоатиран во последните 15-20 години. Предизвик да истражат и да одговорат дали вистински постои “Зелената Мафија” и доколку да, да обелоденат во јавноста како делуваат и што државата (не)прави / правела за ова низ годините уназад?

Станете земјоделци! Станете сплотени сите во едно, не дозволувајте партиска или било каква поделба да ве држи раздвоени и кревки, застенете независни и покажете ја вашата мака, бидејки очиглено никој друг не му е гајле!

Чесни и вредни земјоделци од: Банско, Муртино, Сачево, Свидовица, Куклиш, Робово, Дабиле, Босилово, Еднокуќево, Петралинци, Бориево, Моноспитово, Просениково, Василево, Пиперево, Добрејци, Сарај, Владевци, Нова Маала, Добрашинци, Ангелци, Вељуса, Гечерлија, Градско Балдовци и целата струмичка околина – ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ И ДА ЗАСТАНЕМЕ РАМО ДО РАМО! Ве замолуваме секој што е во можност да дојде со земјоделска и приклучна механизација, ќе биде од огромна помош.

Тргнуваме во 10:15 ОВОЈ МИРЕН ПРОТЕСТ Е ЧИСТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОТЕСТ, НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА ПАРТИСКА ПОЗАДИНА И СЕ ОГРАДУВАМЕ ОД СЕКАКОВ ВИД НА СОДРЖИНИ И АКТИВНОСТИ (НА И ВОН ТЕРЕН) ИЗВАДЕНИ ОД КОНТЕКСТ ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ!

https://zelenaberza.com.mk/piperkata-ajvarka-pak-se-otkupuva-za-25-denari-kilogram-revolt-kaj-zemjodelczite/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img