Што се се менува во европските политики за мигранти? Дали британските медиуми шпекулираат или власта не ги открива деталите за стратешките договори со Велика Британија?
Кој кому верува кажуваат граѓаните на избори и тие тоа многу јасно го кажаа и на последните парламентарни и на последните локални. Британските медиуми и политичари имаат легитимно право да дебатираат по однос на проблемите кои сакаат да ги решат. Факт во Македонија е дека опозицијата во недостаток на понуда мобилизира граѓани и денеска ете ја започнале „Борбата за Македонија“ со онлајн петиција против мигранти, за што јасно и недвосмислено и премиерот и секој член на владата и пратениците од владеачкото мнозинство кажуваат дека не постои. Нема да има илегална миграција и тоа прашање е затворено и наметнато од страна опозицијата во Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО- ДПМНЕ.








