домаМакедонијаПетрушевски: Филипче не се крие дека сака да дојде на власт за...

Петрушевски: Филипче не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство

- Advertisement -spot_img

„Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, за разлика од Заев кој пред да дојде на власт ги лажел граѓаните дека нема да го смени уставното име, Филипче уште отсега, од позиција на опозиција, отворено покажувал дека сака да дојде на власт за да изврши, како што рече, „национално предавство“.

„Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија. А Венко Филипче, не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство, да ги прифати и спроведе бугарските ултиматуми, на штета на македонскиот национален идентитет. Кога го менуваше името на државата, Заев ја убедуваше македонската јавност дека Македонија богато ќе ја омажи, додека пак Филипче сега од опозиција ги убедува дека македонскиот идентитет не е загрозен, наспроти јасните ултиматуми и негирања од страна на Бугарија“, изјави Петрушевски.

Пратеникот обвини дека официјална Софија не ги крие своите намери за асимилација на македонската историја, јазик и култура, а во Филипче пронашла свој „специјален пратеник“ и „пиун на Радев“ кој најгласно заговара внесување на Бугарите во Уставот.

„Бугарските власти не ги кријат нивните ставови и барања, тие сакаат македонската историја, јазик, култура, да се прогласат како дел од бугарската. И за тоа во Македонија си најдоа специјален пратеник, Венко Филипче, кој се претворил во пиун на Радев и е најгласен да се прифати бугарскиот наратив и Бугари во Устав. Филипче отворено и беспоговорно прифаќа се од Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт, како што некогаш го донесоа Зоран Заев со изгубени избори. Филипче, едно знај. Заврши времето кога со слугување на агенди на туѓи држави се доаѓаше на власт во Македонија. Тој филм СДС веќе не го гледа. Граѓаните сакаат достоинствен и предвидлив евроинтегративен пат, со гаранции дека нема веќе да има барања за идентитетски отстапки. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го слуша и заедно, во сојуз со народот, ќе се избориме за заслуженото место на масата во ЕУ“, кажа Петрушевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img