-5.2 C
Skopje
14 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПетрова: Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, но заклучок...

Петрова: Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, но заклучок е дека мерката не го даде посакуваниот ефект

- Advertisement -spot_img

Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, изјави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Не можам да кажам дека постои некаква таква одлука или намера за донесување на таква одлука. Меѓутоа, кога се работи за таква мерка за која се трошат јавни средства, секако дека треба да се погледне и да се разговара за ефикасноста на мерката и дали мерката ги дава целите заради кои што била воспоставена. Преку оваа мерка, на квартално ниво за 2025 година, се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за, во просек, околу 502.000 корисници. И овој износ секоја година се зголемува во однос на претходните години. Се зголемува и бројот на корисници, но заради тоа што се зголемува и наплатата на приходот, во просек можеме да кажеме дека за оваа мерка се издвојуваат околу 4 проценти од годишната наплата на ДДВ приход или тоа е еквивалентно на приближно половина месечен ДДВ приход“, вели Петрова.

Таа нагласи дека мерката, која беше воведена во 2019 година, требаше да доведе до намалување на сивата економија и секој граѓанин го поставува во улогата на даночен инспектор.

„Ако од тој аспект сакаме да ја процениме мерката, состојбите кои што ги гледаме на терен и состојбите кои што можеме да ги забележиме и внатре, врз основа на сите податоци со кои што располагаме, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, нагласи Петрова.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img