Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Андреј Петров смета дека Македонија се наоѓа во клучен момент во нејзиното придвижување кон Европксата Унија, сепак потенцира дека главниот збор го има Владата која е потребно да преземе чекор којшто би бил добар пред се за државата и нејзниот животниот стандард.
„Нашите студенти за да сега студираат во странство треба да платат илјадници,илјадници евра, а студентите во ЕУ или било која од овие земји студираат за без пари, се стекнуваат со убави знаења. Владата има обврска кога ќе ве изберат на функција – не сте таму само за да ви аплаудираат, туку имате и обврска како да работите во интерес на граѓаните и да носите тешки одлуки. Политиката не е само популизам, понекогаш треба да направите нешто што сметате дека е добро за државата. Ако се сака да се решава проблемот има доволно време да се реши проблемот со оглед на тоа што нема избори на повидок. Идеално би било ова решение, да може да се издејствува одложено дејство“, Aндреј Петров, поранешен пратеник.
Петров е согласен со Ѓорчев дека прашањето за отпочнувањето на преговорите лежи во одложено дејство за внесувањето на Бугарите во Уставот.









