-8.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПетрески: Aко се донесат реформите општините нема да можат да ги злоупотребуваат...

Петрески: Aко се донесат реформите општините нема да можат да ги злоупотребуваат јавните пари

- Advertisement -spot_img

Во делот управување на финансии, којшто е дел од Реформската агенда Благица Петрески, којашто е извршен директор на Фајнанс Тинк истакнува дека со донесување на овој закон општините веќе нема да можат да ги злоупотребуваат средствата како што многу досегашни примери го покажале тоа.

„Што значи тој закон? Што значи управувањето со јавни финансии? Управувањето со јавни финансии значи дека општината нема да може да ги злоупотребува јавните пари, односно начинот на којшто јавните пари ќе биде ревидиран и дека сите буџетски корисници ќе мора на годишно ниво 80% од нив да поднесат ревизија. Тоа значи дека внатре(во институцијата) ќе треба да имаат обучени ревизори, значи дека квалитетот на јавната администрација ќе треба да се подигне, не само како бројка, туку истите ќе треба да бидат и сертифицирани и на крај на година да поднесат интерна ревизија што го стеснува просторот за малверзација“, изјави Благица Петрески, извршен директор на Фајнанс Тинк.

Петрески се осврна и на многу други делови кои треба да се менуваат, како и сивата економија, процент којшто тапка во место од година во година, и никако да се намали. Дополнително, ако би се работело на негово намалување, во државниот буџет би можеле да се внесат пари кои понатаму би се искористиле за инвестиции внатре во државата како на пример здравството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img