Попладнево на патот Тетово – Скопје се случи сообраќајна несреќа меѓу две возила, при што пет лица се здобиле со повреди.
Двете возила се судриле, едното од нив е сериозно оштетено и свртено во спротивна насока.
На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.







