домаРегионПеткатна станбена зграда во централниот атински кварт Петралона се урна за време...

Петкатна станбена зграда во централниот атински кварт Петралона се урна за време на рушење на соседна зграда

- Advertisement -spot_img

Петкатна станбена зграда во централниот атински кварт Петралона се урна за време на рушење на соседна зграда, но сите жители успеаја навреме да ги напуштат своите домови и нема пријавено повредени.

Снимките на државната телевизија „ЕРТ“ покажаа куп урнатини каде што некогаш се наоѓаше зградата со седум стана.

Инцидентот се случи додека на соседната парцела се вршеле работи за рушење на двокатна зграда заради изградба на нова зграда. Уривањето било постепено, па три лица кои биле внатре успеале навреме да избегаат. Подоцна било лоцирано и четвртото лице кое во прв момент било пријавено како исчезнато.

На местото на настанот првично биле испратени кучиња трагачи за да ги пребаруваат урнатините, како и осум противпожарни и три амбулантни возила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img