Педесетина страници во кои се содржани точките на што се обврзува земјата брои акцискиот план за малцинствата со Бугарија во кој ТВ 24 имаше увид. Во Акцискиот план е наведена и криминализација на јавни навреди по повеќе основи.
– Потребата од Препораките на Комитетот за Малцинства на Советот на Европа за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза . Забрана за јавно поттикнување на насилство , омраза или дискриминација врз основа на раса – етничка припадност религија верувања или националност.
Криминализацијата за расно или верски мотивирани јавни навреди , закани или клевети , одредби против поттикнување , помагање или поттикнување на такви прекршоци и забрана за расно профилирање.
Закони кои чекаат и треба да бидат донесени, а меѓу клучните и измнените на законот за народен правобранител кој се уште чека на двотретинско мнозинство. Се потенцира и законот за правична застапеност, кој треба да биде донесен, но о . вработувања во агенцијата за следење на јазиците и комисијата за антисдискримибација. Македонија се повикува и на одредбите од УСтавот , законот за употребата на јазиците , законот за употребата на знамињата , комитетот за односи помеѓу заедниците .
– Назначување на заменик на Народен правобранител одговорен за говор на омраза . Формирање оддел за говор на омраза со посебен кадар во Канцеларијата на Народен правобранител што ќе постапува со предметите за говор на омраза.
Во делот на судско обвинителската фела се предвидува Развивање на комплет алатки и организирање обуки за обвинители судии и нивни асистенти за да ги зголемат нивните вештини за препознавање , истражување , кривично гонење казнување и правилно внесување на податоците за предмети на дискриминација во системот за управување со предмети вклучително и податоци за предметите на дискриминација на припадниците на заедниците .
Во оваа насока се предвидува и континуирано следење на обвинителската и судската практика во предметите на дискриминација. Во делот на културата се предвидува
– Подготовка и финансирање проекти за заштита на културно наследство на помалите немнозински заедници во согласност со Законот за култура и Мислење на Советодавниот комитет односно точка 52 од стандардите на УНЕСКО .
Посебен акцент е ставен и на образовниот процес односно развој на нова или подобра наставна програма за предметите во основно и средно образование ,но и вработување на наставници кои ги говорат јазиците на малцинствата .
Акцискиот план е направен во соработка и со европски експерти . Сепак истиот вчера беше тема на која македонското и бугарското МНР ги спротиставија ставовите особено во делот на јазикот откако бугарското МНР во својот допис македонскиот јазик го квалификуваат како достапен јазик кој го користат граѓаните на Р.С.М а пак Скопје и порача на Софија наместо со политиканство да се позанимава повеќе со аргументи и факти и да покаже европски вредности.







