Пчеларите од Охрид се жалат дека уште не им се исплатени субвенциите за 2024 година. Во време кога се борат да опстанат со штети од климатските промени, намален род и нелојална конкуренција ова е уште еден удар врз нивната егзистенција.
Но поголем проблем за нив претставува нелојалната конкуренција.Се повеќе на пазарите се нуди лажен мед кој се продава за иста или малку пониска цена. Бараат од државата да им помогне во сузбивање на истата.
Ги прашавме надлежните од Министерството за земјоделие зошто доцнат и кога ќе бидат исплатени субвенциите за пчеларите но до емитување на прилогот одговор не добивме.
Инаку во Охридско бројот на пчелари од година во година е се помал па така од околу 200 сега активно работат околу 50.







