домаМакедонијаПалчо и дружината бараат ново судење

Палчо и дружината бараат ново судење

- Advertisement -spot_img

Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени на доживотен затвор за грабнувањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 70 годишниот Панче Жежовски од Велес денеска на јавна седница во Апелација побараа да им се укинат пресудите и случајот повторно да се врати во Кривичен суд. Нивните адвокати тврдат дека дел од доказите кои биле доставени до обвинителството и биле презентирани на провостепената постапка не биле земени предвид при носењето на пресудата.

Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски – Палчо: Имаме доста работи утврдено што не се усогласуваат со изјавите дадени и од сведоците и на обвинетите што од страна на судот се прикажани во друго светло. Сето тоа е забележано во нашите две жалби. Оваа пресуда мора да биде укината и да почне цел случај одново за да се утврдат фактите.

Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски: Жалбата е поради тоа што фактичката состојба не беше утврдена и пресудата беше донесена врз основа на непосточеки докази и немање доакази. Не може да биде осуден некој човек кога буквално нема доказ. Сите што ја пратевте во целост провостепената постапка видовте дека нема докази во однос на учеството конкретно на обвинетиот Боре Видевски. Првостепената пресуда беше заснована на немање докази а додека докази кои ги имаше обвинителството кои беа доставени не беа презентирани на првостепената постапка.

Во Апелација жалба поднесе и Обвинителството. Тие бараат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој беше ослободен од првостепениот суд за помагање при грабнувањето на неговата ќерка, да биде осуден. Обвинителот Дарко Јакимовски како доказ во жалбата го наведе тоа што вечерта пред да се случи грабнувањето, Александар на неговите ќерки преку телефонска порака им кажал како да се облечат. Мотивот на сите петмина, како што тврди обвинителот бил прибавување имотна корист од близок член на семејството на Вања.

Обвинителство: Александар има клучна улога од првото, до второто дело. Сè до неделата во попладневните часови, одлука за грабнување на Вања нема. Токму кога е донесена одлуката за грабнувањето, Палевски ги повикува Манев и Видевски да дојдат во Скопје. Во моментот кога се во партијата „Десна“, тогаш таткото им праќа порака на децата да се облечат небаре ќе одат на планина.

Одбраната на Александар, адвокатот Владимир Туфегџиќ рече дека пресудата е правилна и очекува Апелација истата да ја потврди. Според него, не постојат докази за негова вмешаност на таткото во убиството или грабнувањето.

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски: Жалбата на Обвинитеството е неоснована. Првостепениот суд донесе единствено праведна одлука во ситуација кога јавниот обвинител во завршните јасно и недвосмислено кажа дека докази за Александар немаат. И денес јавниот обвинител се задржа на образложението зошто нема докази.

Палевски, Манев, Видевски и Кешишев во јуни минатата година беа осудени на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, а Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.

Според обвинението, четвроицата заедно кон крајот на ноември 2023 година испланирале грабнување на 14 годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на велешанецот Панче Жежовски, пак, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img