домаМакедонијаПалачот на бугарските дипломатски возила призна вина, сам така решил

Палачот на бугарските дипломатски возила призна вина, сам така решил

- Advertisement -spot_img

Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, на судско рочиште ја признал вината и изјавил дека самостојно донел одлука да го изврши делото. Пред судот, тој потврдил дека е виновен за настанот, нагласувајќи дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата.

– Да, се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив – изјавил обвинетиот на рочиштето.

Инцидентот се случи на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, во непосредна близина на бугарската амбасада. Според Обвинителството, тој со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што се упатил кон бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана во близина на амбасадата. Таму наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила.

Во рамките на судската постапка било разгледувано и прашањето за психичката состојба на обвинетиот во моментот на извршувањето на делото. Според досегашните информации, тој бил пресметлив кога го предизвикал пожарот, но кај него биле утврдени одредени нарушувања, поради што се очекува на судското рочиште да биде повикан и вештак, кој ќе даде дополнително стручно појаснување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img