-0.2 C
Skopje
16 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаОВР Струга приведе лица затекнати при нелегален транспорт на дрва

ОВР Струга приведе лица затекнати при нелегален транспорт на дрва

- Advertisement -spot_img

Три лица, меѓу кои еден малолетник затекнала струшката полиција при нелегален транспорт на огревно дрво на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 02/03 октомври во атар на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга ги привеле Н.Т.(37) и К.Ѓ.(31), а на службен разговор во присуство на родител повикан бил 15 – годишник, сите од село Мислешево.

– Тие се затекнати на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „мицубиши паџеро“ без регистарски таблички, кое го управувал Н.Т.. Откако ги забележал полициските службеници ја зголемил брзината, но набргу го запрел возилото и тројцата се обиделе да побегнат, но биле фатени, стои во информацијата на СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img