Игор Ангеловски ќе мора да почека една година за да со својот Таџикистан игра на Азискиот Куп во Саудиска Арабија. Тоа натпреварување е нешто како Европско првенство кај нас.
Имено поради војната во Иран и тензиите во тој дел од светот, и официјално Азискиот Куп е одложен за една година.Требаше се одржи од 7 јануари до 5 февруари 2027 година, но сега е одложен за 23 декмври 2027 до 21 јануари 2028.
Инаку селекцијата на Таџикистан по вторпат ќе настапи на ова натпреварување.
Репрезентацијата на оваа земја, која е предводена од некогашниот селектор на Македонија е во група со Австралија, Ирак и Сингапур.
Да потсетиме дека покрај Мрме како селектор, во стручниот штаб на Таџикистан се и Милан Илиевски и Иван Јовановски.






