домаШоубизОвие растенија се природно оружје против оси и стршлени

Овие растенија се природно оружје против оси и стршлени

- Advertisement -spot_img

Летните денови се идеални за престој на отворено, но често ги расипуваат непосакувани гости како осите и стршлените. Иако имаат улога во екосистемот како опрашувачи, нивното присуство во дворовите и на терасите може да биде непријатно и понекогаш опасно. Наместо употреба на хемиски средства, природата нуди едноставно и ефикасно решение, растенија со силни мириси кои делуваат како природен репелент.

Меѓу најпознатите се ментата и босилекот, чии интензивни ароми се непријатни за овие инсекти. Засадени во саксии и поставени околу маси, прозорци или влезови, тие создаваат природна мирисна бариера. Лавандата, иако мириса пријатно за луѓето, е исклучително одбивна за осите. Нејзините грмушки се често користени како природна заштита околу градини и тераси.

Исто така, невестата (невенот) со своите силни мирисни соединенија и жолто-портокалови цветови помага во одбивање на инсекти, додека пелинoт е познат по својата горчлива арома која делува како моќен природен репелент. Рузмаринот и мајчината душица се дополнителни растенија кои не само што ги одбиваат инсектите, туку се и корисни во кујната.

Тајната на нивната ефикасност лежи во етеричните масла. Научни истражувања покажуваат дека соединенија како евгенол, цитрал и линалол ја нарушуваат способноста на инсектите да се ориентираат, создавајќи природна бариера која ги одвраќа. Покрај садењето растенија, може да се подготви и природен спреј со етерични масла разредени во вода, кој се прска околу прозорци, врати и места за седење.

Дополнително, корисни трикови се и палење мелено кафе за создавање дим кој ги одбива осите или комбинација од лимон и каранфилчиња, која делува како природен репелент. Одржувањето чист двор, без остатоци од храна и паднати овошја, дополнително помага да се намали нивната појава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img