HomeСпортОва овошје има неверојатен ефект врз крвниот притисок: Влијае на крвните садови...

Ова овошје има неверојатен ефект врз крвниот притисок: Влијае на крвните садови и холестеролот

- Advertisement -spot_img

Иако се мали, боровинките имаат исклучително силно влијание врз здравјето, особено на кардиоваскуларниот систем. Вклучувањето на ова овошје во исхраната е една од моќните навики што носи големи придобивки за телото на долг рок.

„Боровинките, како и другите бобинки, се одличен избор што треба редовно да се вклучува во менито“, вели Мелиса Кахола, регистриран кардиоваскуларен диететичар во „Duke WELL“, за „Parade.“

Сега е најдобро време да купите свежи боровинки бидејќи нивната сезона, во зависност од климата, трае од април до септември.

Кахола забележува дека замрзнатите боровинки се подеднакво хранливи, достапни преку целата година и честопати се попристапни од свежите. Покрај нивниот примамлив вкус, боровинките имаат особено важна улога во одржувањето на здравјето на срцето, вклучително и намалувањето на крвниот притисок.

Како боровинките влијаат на крвниот притисок

Боровинките се исклучително корисни за здравјето на срцето.

„Високата содржина на антиоксиданси и полифеноли во боровинките помага во намалувањето на воспалението во телото, го поттикнува ширењето на крвните садови и ја подобрува нивната функција, што придонесува за подобра циркулација“, објаснува регистрираниот диететичар Аби Гелман.

Мелиса Кахола вели: „Истражувањата покажуваат дека овие антиоксиданси можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес, што резултира со подобра функција на крвните садови и на тој начин го поддржува здравјето на срцето.

Научна студија објавена во 2024 година во списанието Frontiers in Nutrition потврди дека редовната консумација на боровинки го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2, како и дека е поврзана со намалување на крвниот притисок.

„Освен солта и течностите, ниедна поединечна храна не влијае значително на крвниот притисок веднаш по оброкот. Сепак, студија од 2019 година објавена во The Journals of Gerontology: Series A откри дека околу една чаша боровинки може скромно да го намали систолниот крвен притисок за пет единици во рок од еден до два часа од консумацијата. Ова се случува затоа што боровинките ги шират крвните садови и на тој начин го подобруваат протокот на крв“, вели Мелиса Кајола.

Двајцата диететичари истакнуваат дека редовната консумација на боровинки може да помогне во одржувањето на здрав крвен притисок на долг рок.

Покрај тоа, Аби Гелман наведува дека боровинките можат да помогнат во намалувањето на ЛДЛ „лошиот“ холестерол.

„Редовната консумација на боровинки со текот на времето може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и нивото на холестерол, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања“, додава Мелиса Кајола.

Други здравствени придобивки

Придобивките од боровинките не завршуваат со здравјето на срцето. Аби Гелман истакнува дека високата содржина на антиоксиданси не е добра само за срцето, туку и за мозокот.

„Антоцијанините, кои им ја даваат на боровинките нивната длабока сина боја, и нивната моќна антиоксидантна активност помагаат во заштитата на мозокот од оксидативен стрес. Тие исто така можат да бидат корисни кај состојби поврзани со возраста, како што е Алцхајмеровата болест.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img