Денеска, заедно со претседателот на Владата и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, ја отворивме новата детска градинка „Виножито“ во Општина Сопиште објект кој претставува вистинска инвестиција во иднината.
Со оваа градинка, 84 дечиња од предучилишна возраст ќе добијат безбедно, топло и современо место за згрижување, учење и растење.
Истовремено, значително се олеснува секојдневието на семејствата од Сопиште, Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци, кои добиваат уште еден силен столб на поддршка во воспитувањето на своите најмлади.
Овој проект е реализиран со поддршка од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади и е доказ дека кога има јасна визија и одговорна политика резултатите се видливи и опипливи.
Продолжуваме посветено со исполнувањето на програмата и со реализација на проекти кои се во интерес на граѓаните.
Грижата за децата, семејствата и создавањето достоинствени услови за нивен развој не е ветување тоа е наша обврска и наш врвен приоритет.
https://www.facebook.com/share/p/1Qg6LK3s5X/







