Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.
Благодарение на брзата реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, посочуваат од Општината.
Две огромни дрвја, беа паднати во близина на училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец. Истите го попречија сообраќајот, повредени немаше.






