домаШоубизОткриени детали за убиството на актерот од „Топ Ган“ и „Џуманџи“

Откриени детали за убиството на актерот од „Топ Ган“ и „Џуманџи“

- Advertisement -spot_img

Обвинителството во САД поднесе обвинение за убиство против 44-годишниот Мајкл Гледхил, кој е осомничен за фаталното прободување на холивудскиот актер Џејмс Хенди. Хенди беше познат по улоги во бројни филмови и Џтелевизиски серии во кариера долга повеќе од пет децении.

Според окружното обвинителство во Лос Анџелес, доколку биде прогласен за виновен, на Гледхил му се заканува затворска казна до 26 години.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен откако самиот запрел полицајци во близина на местото на убиството, во населбата Тарзана, и им кажал дека тој е лицето што го бараат.

Претходно, полицијата добила повик на 911 во кој маж на операторите им рекол: „Јас сум син човечки. Само што убив човек од грев“.

Полицајците кои пристигнале на местото го пронашле 81-годишниот актер во несвест на тревникот пред куќата на неговата партнерка, со рана во пределот на градите. Тој набргу потоа бил прогласен за мртов во болница.

Според полицијата, Гледхил живеел во куќата на неговата мајка, која била партнерка на убиениот актер.

Џејмс Хенди беше актер со богата кариера и споредни улоги во филмови како „Мемоарите на Брајтон Бич“, „Арахнофобија“, „Џуманџи“, „Нескршливи“ и „Логан“.

Неговото последно појавување на големото платно беше во хитот „Top Gun: Maverick“ од 2022 година, каде играше постар шанкер по име Џими во бар што го посетуваат воени пилоти.

Хенди имаше и бројни телевизиски улоги уште од 1970-тите, најчесто играјќи полициски службеници, авторитетни фигури и споредни ликови во популарни серии.

Полицијата го опиша убиството како изолиран инцидент, но засега не соопшти можен мотив. Гледхил требаше првпат да се појави пред суд во петок, но не е познато дали има адвокат.

Смртта на Џејмс Хенди е второ убиство со нож од висок профил во Лос Анџелес во последните шест месеци. Во декември беа убиени актерот и режисер Роб Рајнер и неговата сопруга, фотографката и продуцентка Микеле Рајнер, а нивниот помлад син Ник Рајнер беше обвинет за две убиства од прв степен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img