домаРегионОсудени родителите на детето што изврши масакр во „Рибникар“: Таткото на 14,5...

Осудени родителите на детето што изврши масакр во „Рибникар“: Таткото на 14,5 години затвор, мајката на две години и 11 месеци

- Advertisement -spot_img

Вишиот суд во Белград донесе првостепена пресуда со која ги осуди Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое во мај 2023 година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, при што беа убиени девет ученици и еден чувар, а неколку лица беа повредени.

Според одлуката на судот, Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешки дела против општата безбедност, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ доби казна од две години и 11 месеци затвор за истото кривично дело, во делот на занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Ова е втора првостепена пресуда и на неа право на жалба имаат и обвинителството и одбраната пред Апелацискиот суд во Белград.

Инаку, на 10 јуни, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, предложи Владимир и Миљана Кецмановиќ да бидат прогласени за виновни и осудени на максимални затворски казни.

Според обвинителството, нивниот син, како малолетник, не може да биде кривично одговорен, поради што на родителите им припаѓа посебна законска и морална одговорност за неговото воспитување и надзор.

Судењето беше повторено откако Апелацискиот суд во ноември минатата година ги прифати жалбите на одбраната и го поништи делот од првостепената пресуда поради суштински повреди на кривичната постапка, по што предметот беше вратен на повторно судење.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img