домаМакедонијаОстра лекција од Охрид до родителите од Скопје: „Кој совесен родител пушта...

Остра лекција од Охрид до родителите од Скопје: „Кој совесен родител пушта дете само во друг град?

- Advertisement -spot_img

Познатата охридска авторка Јасмина Петковска, позната како „Белиот Лебед“, преку објава на Фејсбук јавно реагираше на однесувањето на дел од малолетните посетители кои изминативе денови престојувале во Охрид без родителска придружба.

Таа тврди дека групи од деца на возраст од 14 до 16 години биле сместувани по десетина во еден стан, а нивното однесување предизвикало сериозно вознемирување кај станарите.

„Викање, тепање меѓу нив, вриштење по улици и на балкони во 4, 5 и 6 часот наутро. Не сме спиени пет ноќи“, напиша Петковска.

Во објавата таа ги повика на одговорност родителите кои ги пуштаат своите малолетни деца сами во друг град, но и сопствениците кои им издаваат станови. Според нејзините наводи, дел од младите престојувале непријавени, оставале отпад, оштетувале заеднички простории и користеле алкохол и недозволени супстанции.

„Побитно е илјадарче плус отколку мирот, стравот и вознемирувањето на околината“, напиша авторката, оценувајќи дека ваквото однесување е последица на недостиг од домашно воспитување и родителска контрола.

Нејзината објава повторно го отвори прашањето за контролата на сместувањето малолетници без придружба, пријавувањето на туристите и одговорноста на сопствениците во периодот на најголемата летна посетеност во Охрид.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img