Во Основниот суд Охрид, според систематизација, предвидени се 18 судиски места, а моментално работат само осум судии.
Според податоците во извештајот на Врховниот суд за состојбата низ судовите во Република Македонија за 2024 година во охрискиот суд има 61 вработен, од кои 7 судии и претседателот на судот и 53 во судската служба. Поради заминување во пензија се 5 вработени помалку, а во 2024 година не бил спроведен оглас за вработување на неопределено време.
Во текот на 2024 година во Основен суд Охрид нерешени од претходната година останале 6.445 предмети, новопримени биле 16.084, погрешно заведени 4 предмети, вкупно предмети во работа биле 22.525, решени се 16.178, а останале нерешени 6.347. Од остатокот, 1.954 се оставински предмети кои се во работа кај нотар.
На крајот на извештајната година, од предметите што ги решавале судиите, останале нерешени 1.798 стари предмети заклучно со 2022 година, од кои 1.281 се оставински предмети кај нотари. По години по структура на стари нерешени предмети најмногу, 483 се од 2021 година, а има и еден нерешен предмет од 2013 година.
Во конечниот заклучок од извештајот, охридскиот Основен суд се оценува за ажурен, со оглед на тоа дека успеал да го совлада приливот и да го намали остатокот од претходната година. Се посочува дека за подобрување на ефикасноста во работењето на ниво на суд неопходно е преземање неколку мерки, меѓу кои обезбедување доволен број на судии и намалување на остатокот нерешени предмети.







