15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОсмани: Интегритетот на здравствените работници е нешто што ќе го чуваме и...

Османи: Интегритетот на здравствените работници е нешто што ќе го чуваме и градиме заедно

- Advertisement -spot_img

Кандидатот на НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, денеска оствари средба со здравствените работници, каде што во фокус беше положбата и предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат.

На состанокот, Османи истакна дека здравствените работници не смеат да бидат изложени на никаков политички мобинг или притисок, ниту за време на изборниот процес, ниту по него. Тој нагласи дека сите вработени во здравствениот сектор ќе бидат целосно заштитени, а правото на нивниот професионален интегритет ќе биде гарантирано.

„Здравствените работници мора да работат со достоинство, слободно и без страв. Ветувам дека ќе бидат заштитени од политички притисок, сега, за време на изборите и по нив. Нашиот професионален интегритет е нешто што ќе го чуваме и градиме заедно, со цел сите пациенти да добијат квалитетна грижа“, изјави Османи.

На средбата беше потенцирано дека условите за работа во здравството мора да се подобрат и дека ќе се креираат политики кои ќе обезбедат достоинствени услови за сите лекари и здравствени кадри.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img