Оризопроизводителите пред стартот на жетвата бараат државата да преземе конкретни мерки за да можат да преживеат. По средбата со ресорниот министер, Борче Серафимовски очекуваат да им се исполнат двете барања, меѓу кои да добијат дополнителни осум денари за новата реколта или по 48.000 денари по хектар, а наредната недела да се направи и новата производна цена на оризoвата арпа.
Според Арсов од средбата заминале со очекување процесот да не се одложува.
Забележува дека состојбата на терен годинава е особено тешка, со последици што ќе се одразат и врз приносите. Смета дека годинава ќе имаат од 300 до 350 килограм по единица декар.
Во кочанскиот регион под ориз се посени околу 4.000 хектари, а браната Калиманци имаше доволно вода за да пристигне до земјоделските површини од виничко до Овче Поле.






