Пробиштип – Поради ниските температури и исцедувањето на атмосферските води од вчерашните врнежи, на повеќе локации на патиштата во општина Пробиштип е забележана појава на голомразица.
Екипите на ЈКП „Никола Карев“ и „Македонија Пат“ се на терен и вршат фрлање сол и ризла за безбедност на учесниците во сообраќајот.







