HomeМакедонијаОпштина Пробиштип одбележа 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

Општина Пробиштип одбележа 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

- Advertisement -spot_img

Во Пробиштип денеска беа одбележани 82 години од нападот на рудниците за олово и цинк „Злетово“, настан од историско значење поврзан со борбата за слобода.


По тој повод, делегација на Општина Пробиштип, заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејствата на загинатите, како и делегации од Продолжувачите на делото на НОБ, Сојузот на борците од Куманово, Здружението на старосни пензионери, Организацијата на резервните офицери на Македонија и Пробиштип и претставници на политичките партии, положија свежо цвеќе на спомен-паркот „Братство и единство“.


Со овој чин им беше оддадена почит на борците кои ги дале своите животи за слободата, а присутните ја потенцираа важноста од зачувување на историското паметење и вредностите на антифашистичката борба.


Од Општината порачаа дека овој ден треба да потсетува дека слободата не е дадена, туку изборена, нагласувајќи ја потребата за нејзино постојано негување и почитување.


Комеморацијата заврши со пораки за единство и почит кон жртвите, со истакнување дека споменот на овој настан останува траен дел од идентитетот на градот и државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img