HomeМакедонијаОпштина Пробиштип и Источниот плански регион со заеднички планови за нов развојен...

Општина Пробиштип и Источниот плански регион со заеднички планови за нов развојен циклус

- Advertisement -spot_img

Во Општина Пробиштип денес се одржа работен состанок помеѓу градоначалникот и директорот на Центарот за развој на Источниот плански регион, Трајче Здравков. На средбата се разговараше за тековните активности, идните развојни можности и зајакнување на меѓусебната соработка.

Фокусот беше ставен на проекти кои во наредниот период треба да донесат значајни инфраструктурни, економски и социјални придобивки за граѓаните на Пробиштип и поширокиот регион. Двете страни се согласија дека преку координирана работа и заеднички иницијативи ќе се овозможи побрз и поодржлив развој.

Од општината најавуваат дека ќе продолжат со активно учество во регионалните програми и иницијативи, со цел подобрување на квалитетот на живот и креирање нови можности за граѓаните.

„Продолжуваме посветено да работиме за развој на Пробиштип и Источниот плански регион,“ порачаа од локалната самоуправа по завршувањето на средбата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img