На осмата седница на Советот на Општина Прилеп беше усвоен Правилникот за доделување на еднократна парична помош. Помошта изнесува 3.000 денари за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година.

За реализација на оваа мерка, од Буџетот на Општина Прилеп се издвоени два милиони денари, со што се обезбедува финансиска поддршка за семејствата со деца кои за првпат започнуваат основно образование. Ова е првпат Општина Прилеп да воведе ваква форма на директна финансиска поддршка за првачиња.

Воедно, советниците ја изгласаа и измената на Правилникот за доделување на еднократна парична помош за новороденче. Со измената, рокот за поднесување на барањата за добивање финансиска помош се продолжува од 45 на 90 дена, за новороденчиња родени во 2026 година на подрачјето на Општина Прилеп.
Обезбедувањето средства за првачињата и олеснувањето на условите за добивање помош за новороденчиња покажува грижа и поддршка на локалните власти за младите семејства.









