HomeМакедонијаОпштина Прилеп со нови правила: јасна постапка за надомест по каснување од...

Општина Прилеп со нови правила: јасна постапка за надомест по каснување од бездомни кучиња

- Advertisement -spot_img

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Со примената на ова Упатство, се овозможува граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да пристапат кон постапка за спогодбено решавање на случајот.

Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.

Образецот за поднесување на Барањето е достапен:
-во Архивата на Општина Прилеп
-на официјалната веб страница на Општина Прилеп
-и на следниов линк:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img