HomeМакедонијаОпштина Прилеп го одбележува 8 април: „Гласот на успехот“ ќе ја слави...

Општина Прилеп го одбележува 8 април: „Гласот на успехот“ ќе ја слави ромската заедница преку култура и уметност

- Advertisement -spot_img

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“.


Настанот има за цел да ја истакне важноста на образованието, културата и успехот на ромската заедница, преку богата и разновидна програма исполнета со музика, рецитали, драмски и танцови изведби.


Во програмата ќе настапат ученици од повеќе основни и средни училишта од Прилеп, кои преку уметноста ќе испратат силна порака за еднаквост, почит и заедништво. Преку своите настапи, младите ќе ја потенцираат важноста на инклузијата и заедничките вредности во современото општество.


Посебен акцент ќе биде ставен и на успешни приказни и позитивни примери од ромската заедница, кои ќе послужат како инспирација за сегашните и идните генерации.
Со овој настан, Општина Прилеп упатува порака за почитување на различностите и градење општество во кое секој има еднаква можност за успех.


Организаторите ги покануваат сите граѓани да присуствуваат и заедно да го прослават богатството на културата и заедништвото.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img