Општина Битола ја подготвува инфраструктурата за претстојната зима и за таа намена обезбедува 17 милиони денари за функционирање на мобилната зимска служба. Најголемиот дел од средствата – околу 15 милиони денари – ќе бидат искористени за ангажман на градежната механизација и оперативата задолжена за расчистување на снег и одржување на патиштата.
Покрај тоа, два милиони денари се планирани за набавка на индустриска сол, песок-ризла и ладна асфалтна маса, материјали неопходни за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.
Општина Битола истакнува дека со навременото планирање и распределба на финансиските средства се обезбедува подготвеност за справување со евентуални зимски предизвици и непречено функционирање на градот во текот на целата сезона.









