HomeМакедонијаОпштина Битола објави оглас за издавање локации за урбана опрема на градското...

Општина Битола објави оглас за издавање локации за урбана опрема на градското шеталиште

- Advertisement -spot_img

Општина Битола објави јавен повик за прибирање понуди за издавање локации за поставување урбана опрема на Градското шеталиште, наменети за комерцијално користење во периодот од 15 април до 15 октомври 2026 година.


Според огласот, на располагање се вкупно 23 локации на повеќе позиции во градот. Четири локации се предвидени за поставување тезги со површина од 2 м² под Мезе Бар „Јагода“. Пет локации се наоѓаат во близина на Детскиот парк, покрај оградата, и се наменети за тезги или трицикли, исто така со површина од 2 м². Најголем дел, односно 14 локации, се распоредени по должина на градското шеталиште, од левата страна гледано кон градскиот базен, каде исто така може да се поставуваат тезги или трицикли.


Почетните месечни цени за изнајмување се движат од 2.500 денари за локациите под Мезе Бар „Јагода“, 4.000 денари за локациите кај Детскиот парк, до 5.000 денари за локациите по должината на шеталиштето. Од општината нагласуваат дека во овие износи не се вклучени дополнителните трошоци како комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и електрична енергија, кои ќе бидат на товар на избраниот понудувач.


Право на учество имаат физички лица со живеалиште во општина Битола, како и правни лица со седиште во општината, под услов да не се во постапка на стечај или ликвидација.
Рокот за доставување на понудите е до 7 април 2026 година до 12:00 часот, а истите треба да се поднесат лично во Архивата на Општина Битола.


Од општината информираат дека со овој оглас се очекува поголема организираност на јавните површини, како и збогатување на понудата на Градското шеталиште во пресрет на пролетно-летната сезона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img