Опожарено возило во скопски Сарај.
„Денеска (29.08.2025) во 05:00 часот во СВР Скопје, Б.А.(29) пријави дека во неговиот двор во с.Сарај, скопско, било опожарено патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко С.А.(64), се наведува во полицискиот билтен.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од пријавителот.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.







