HomeРегионОН ќе одлучува за продолжување на мандатот на наследникот на Хашкиот трибунал

ОН ќе одлучува за продолжување на мандатот на наследникот на Хашкиот трибунал

- Advertisement -spot_img

Главниот обвинител на механизмот за меѓународни кривични судови (ИРМЦТ), Серж Брамерц, смета дека има потреба за продолжување на работата на тоа судско тело на ООН со цел да се процесираат големиот број преостанати случаи на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.

Тој го посети Сараево во пресрет на истекот на мандатот на ИРМЦТ, тело што е наследник на Хашкиот трибунал за злосторства извршени во војните во поранешна Југославија, во 1990-тите години. Советот за безбедност на ООН треба да одлучи за продолжување на работата до крајот на јуни оваа година.

– Она што го гледаме е дека, очигледно, постои потреба механизмот да продолжи со работата, што ќе им помогне на обвинителите во регионот – изјави Брамерц и додаде дека е загрижен поради тоа што има стотици осомничени за воени злосторства во Босна и Херцеговина што се кријат во Србија и во Хрватска.

Тој рече дека разговарал со претставниците на здруженијата на жртвите за барањето за ослободување на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, кој неодамна доживеа мозочен удар. Со тоа не се согласиле семејствата на жртвите од Сребреница, каде што неговите војници убија повеќе од 8.000 бошњачки момчиња и мажи во летото 1995 година, злосторство што Хашкиот суд го прогласи за геноцид.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img