HomeКултураОхридската библиотека стана дел од културната понуда

Охридската библиотека стана дел од културната понуда

- Advertisement -spot_img

Со изложувањето на Пчињското евангелие, најстариот ракопис кој го поседува охридската библиотека, оваа институција го отвори патот да биде дел од културниот туризам на градот. Ракописот од крајот на шеснаесеттиот век е непроценливо национално богатство, поради што се очекува туроператорите и туристичките агенции да го вклучат во својата понуда.

„Тоа ќе биде многу интересно за туристите, за странските посетители, но исто така и за граѓаните на Република Македонија. Во него се вметнати специфични букви кои се украсени, по тоа е специфично евангелието. Исто така неговата големина, кожниот превез и самата намена за која се користело“, изјави Христина Трпеска – директорка на НУ „Григор Прличев“.

Покрај со овој значаен експонат посетителите ќе можат да се запознаат и со богатиот фонд на литература во Охрид.

„Исто така имаме фонд кој исто така е стар, од илјада осумстотини седумдесет и втора година датира. Значи околу две илјади книги кои исто така се заштитени како национално богатство на државата, но имаме и странски книги. Имаме италијанско катче, германско катче, полско катче, имаме доста српски книги. Значи богат фонд кој вреди да се посети“, изјави Христина Трпеска – директорка на НУ „Григор Прличев“.

Во тек е подготовка на каталог на македонски, германски, англиски и француски јазик., а се снима и видео за што подобра промоција на богатството што го поседува библиотеката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img