Маж од охридско село со тврд предмет ја нападнал мајка си.
– На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет, информираа од полицијата.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.








