0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОгревното дрво и оваа зима прв избор за затоплување

Огревното дрво и оваа зима прв избор за затоплување

- Advertisement -spot_img

Со падот на температурите граѓаните веќе започнаа со затоплување на своите домови и пред официјалниот почеток на грејната сезона. Дрва, пелети, струја. Изборот за начинот на греење се сведува на економската исплатливост пред сè, но и на навиките на граѓаните. Сепак, за поголемиот дел од нив најпогоден извор на топлина и најекономичен е огрвното дрво.

Традиционалниот начин на затоплување, особено го применуваат повозрасните граѓани. Навиките тешко се менуваат. Од Здружението на пензионери во Битола велат, интересот е намален во однос на минатите години, но сепак голем број од пензионерите и оваа зима ќе се греат на дрва, со цена пониска од ланската.

Дрвата како енергенс кој се користи најчесто, придонесува за загадување на воздухот. Битола е еден од градовите со најголем загадување. Проблемот се очекува да се надмине со целосната реализација на проектот „Топлификација“.

Податоците од последниот попис покажуваат дека од 30.000 домаќинства во битолскиот регион, една третина ги затоплуваат своите домови со огревно дрво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img