домаХроникаОдземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри...

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час

- Advertisement -spot_img

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

Го привеле Б.С.(30) од Република Србија бидејќи со возило „Порше“ возел .

– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, соопшти МВР.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

– Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, наведуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img