Денес, 15.04.2026 година Управата за јавни приходи одржа брифинг со медиумите со цел да ги појасни законската рамка, процедурите и тековните активности поврзани со оданочувањето на доходот остварен во странство.
• Не станува збор за нов данок, ниту за ретроактивно оданочување, туку за законско постапување во пропишани рокови
• Се работи за примена на постојни законски одредби кои важат со години
• Обврската за пријавување на доход од странство постои континуирано
• Нема двојно оданочување, треба да се достави доказ за платен данок во странство, се применуваат процедурите согласно меѓународните договори.
Она што се менува е пристапот, податоците што УЈП ги добива од банките сега системски се анализираат и вкрстуваат за да се користат за даночни цели, со цел обезбедување правично и законито оданочување. Податоците повеќе не стојат складирани во архиви на сервери како во минатото, туку се користат за даночни цели, како што обврзува законот.
Клучни податоци
За 2020 година:
• испратени 11.527 известувања до граѓани
• 2.276 лица доброволно поднесоа пресметки
• 3.637 случаи со утврден данок по службена должност
• 5.614 случаи – неoданочиви трансфери
• утврден данок: 171,6 милиони денари (30,4 милиони веќе наплатени)
Во 2025 година:
• 70.869 граѓани примиле приливи од странство (577 милиони евра)
• испратени 9.522 известувања до граѓани
• 4.459 лица доброволно поднеле пресметки
Нашиот пристап е постепен и фер: прво информираме, даваме можност за доброволно усогласување и директна комуникација со граѓаните.
За специфични случаи:
• За 257 лица од странски мисии е побарана проверка со странски даночни администрации преку надлежни институции, за да им се помогне во обезбедувањето докази
• Организирани директни средби со 134 млади лица
• Се работи на решенија како плаќање на рати и дополнителна едукација
Целта е јасна: да се подигне свеста и информираноста за доброволно исполнување на даночните обврски. Ова е услов за еднаков третман за сите и градење правичен даночен систем.
УЈП останува отворена за соработка, поддршка и транспарентна комуникација со медиумите, јавноста и даночните обврзници.








