домаМакедонијаОд утре летен режим на сообраќај низ државните патишта

Од утре летен режим на сообраќај низ државните патишта

- Advertisement -spot_img

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Со тоа се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраните важат во:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот, извести АМСМ.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img