домаМакедонијаОд пожар до свлечиште: Колку се безбедни градилиштата во Скопје?

Од пожар до свлечиште: Колку се безбедни градилиштата во Скопје?

- Advertisement -spot_img

Изгореното светлосно тело и распуканите плочки околу ормарите за струја се уште стојат и сведочат за пожарот што вчера во утринските часови избувна во населбата Кисела Вода. Во непосредна близина има и новоизградени станбени згради во кои веќе живеат жители, како и градилиште на кое се градат нови згради.

Од Електродистрибуција ги замениле оштетените ормари за струја, но над нив, на металната конструкција, и понатаму виси оштетеното светлосно тело кое не е отстрането. Веднаш под него се наоѓа детска игротека каде секојдневно се најмалите. Граѓаните велат дека не се чуствуваат безбедни и бараат построги мерки и поголема контрола за да се спречат вакви инциденти.

„Тоа беше страшно и недозволиво. Треба да се поработи на многу работи. Кога се прави некој објект прво треба да се загради околу него, а потоа кога ќе се заврши со тој објект да се почне изградба на друг. Овде на ова место ние веќе три години голтаме прашини. Еве и самите може да забелележите ако дувне ветар каква прашина се крева. Општо треба да има поголема безбедност за сите околу градилиштата“, вели анкетирана.

„Дали е безбедно навистина не знам бидејќи знаеме како се прават објекти, а особено новите згради-се тоа е фушерајски. Имам стан тука, но не бев за време на пожарот. Видов за случката на интернет. Сметам дека ако продолжи ова вака навистина не е безбедно. За жал, треба да се случи нешто вакво за надлежните да средат да биде како што треба“, изјави анкетиран.

И професорот на Градежниот факултет, Горан Марковски, предупредува дека градилиштата често создаваат сериозни проблеми за околните жители, почнувајќи од бучава и прашина, па се до нарушување на безбедноста и нормалното функционирање на јавниот простор.

„Голема бучава, работа и во неработни денови, нехигиена при поставување на тоалети на јавни површини, заградување на тротоарите, oневозможување на нормално одвивање на сообраќајот, загадување на воздухот со прав и други нечистотии“, Горан Марковски, професор на Градежен факултет.

Вчера, нешто пред шест часот наутро, жителите од околните згради на булеварот „Борис Трајковски“ слушнале силно тропање, по што забележале чад и детонација. Во текот на денот екипите на ЕВН го санирале дефектот, а жителите повторно добиле електрична енергија во вечерните часови.

Но, ова не е единствен случај. Неодамна на градилиште на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, се случи свлечиште при ископ на нова станбена зграда. Беа оштетени тротоарот, коловозот и дел од инфраструктурата, по што инспекциските служби извршија увид и најавија мерки против инвеститорот.

Месец дена претходно, во Кисела Вода, при ископ на темели за нова зграда дојде до уривање на земјиште при што беа затрупани четворица градежни работници. Еден од нив го загуби животот. Сите овие инциденти го отвараат прашањето дали безбедносните стандарди на градилиштата се почитуваат доволно и дали надзорот е на потребното ниво.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img