Домашен мед на штипскиот пазар се продава по цена од 500 денари за тегла. Пчеларите тврдат дека при производство на мед, пчелите се главни и мораат да се одржуваат, оти врз нив влијаат сите временски услови и елементарни непогоди кои можат да се појават на патот, но не се откажуваат. Тие додаваат дека процесот не е тежок ако постои желба и ова за нив е хоби во природа.
Купувачи едногласно сметаат дека 500 денари по тегла е реална цена за овој здрав и корисен производ, вклучувајќи ги и сите придобивки што ги носи. Дел од граѓаните земаат и по две тегли за да имаат на залиха, додека друг дел иако знаат дека се препорачува да се јаде и е здраво, не јадат.
За купувачите најважно е да јадат здрав и квалитетен мед, а за пчеларите – да ги одржуваат пчелите и со љубов да се посветат на производството на мед.






