домаРегионОбвинителството ѝ одреди мерка на скопјанката

Обвинителството ѝ одреди мерка на скопјанката

- Advertisement -spot_img

Основното државно обвинителство во Улцињ донесе решение за задржување до 72 часа на државјанка на Северна Македонија со иницијали С.С., која е осомничена за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.

Според информациите од обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, во близина на Булеварот „Теута“ во Улцињ прегазила и усмртила домашно куче од расата шарпланинец.

Во соопштението се наведува дека кучето било во сопственост на локален жител.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности поврзани со случајот, по што ќе бидат преземени понатамошните законски мерки.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img