Норвешките обвинители побараа затворска казна од седум години и седум месеци за 29-годишниот Мариус Борг Хоиби, син на крунисаната принцеза Мете-Марит, кој е обвинет е за силување и насилно однесување кон поранешни партнерки.
Тој не е во крвна врска со крунисаниот норвешки принц, Хакон, и е обвинет по вкупно 40 точки, а се изјасни за виновен за одредени кривични дела, но ги негираше најсериозните обвиненија, вклучувајќи ги и наводите за силување на четири жени.
Иако Хоиби формално не е член на кралското семејство, неговиот случај сериозно му наштети на угледот на норвешката монархија, според агенцијата „Франс прес“.
На 4 август 2024 година, полицијата го уапси под сомнение дека физички ја нападнал својата тогашна партнерка. Откако му ги запленија телефонот и компјутерот, истражителите пронајдоа снимки што ги документираат злосторствата и прекршоците за кои е обвинет на крајот. Обвинителите информираа дека четирите жртви на Хоиби сфатиле дека биле силувани дури откако полицијата им ги покажала снимките.








