Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, во соработка со Општина Охрид и Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, вечерва беше премиерно објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“.
Филмот е дело на Симјаноски Бојан, кој беше дел и од екипата сниматели, директор на фотографија и се погрижи и за видео монтажата, колор корекцијата и дизајнот на звук. Во филмот е користена музика на Горан Трајкоски (ГоТра) и Митр. хор „Св. ап. Ерм“ (Тропар на Богојавление). Поради правилата на сопственикот на филмот, погледнете го на оригиналната локација – кликнете на Video on Facebook.
– Филмот е продуциран од Богојавление Водици, Охрид. Ја следи традицијата на празникот низ призма на верата, заедништвото и личните доживувања на учесниците. Преку автентични сцени, филмот ја доловува симболиката на осветената вода и значењето на овој обред во современиот живот, зачувувајќи ја врската меѓу минатото и сегашноста, порачуваат организаторите.
Покрај режисерот Симјаноски, дел од техничката екипа се и снимателите Наумоски Никола. Наумоска Маја и Николоски Александар. Оператор на дрон беше Наумоски Никола.









