15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаНула напредок во судството – Министерството за правда молчи

Нула напредок во судството – Министерството за правда молчи

- Advertisement -spot_img

Институционален молк по загрижувачките тонови од Европската комисија. Критики за Македонија, сериозни слабости на клучни полиња-ЕК оцени и дека нема напредок во независноста на судството, недостиг на кадар и средства, како и буџет за судство кој изнесува под законскиот минимум.

Од Владата за Тв 24 најавија прес конференција за утре, досега нема став од Министерството за правда, Судски совет, Совет за јавни обвинители, Академијата за судии и јасвни обвнители…

Додека институциите молчат, опозицијата обвинува, владеjачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа се наследени проблеми. Опозициската СДСМ се согласува со забелешките и го потврдува застојот на земјата во процесот на европските интеграции.

СДСМ: „Владата ниту има воља, ниту капацитет, ниту визија како државата да ја води напред. Реформите се од заеднички интерес, граѓаните тоа го очекуваат, да се откаже од злоупотреби на судството, администрацијата и целиот државен апарат. Црна Гора и Албанија најверојатно ќе ги завршат преговорите, ние ќе останеме слепо црево на Балканот, и до кога ќе зборуваме дека нешто треба да се случи, а всушност ништо не се случува. Имаме сериозен проблем кој не притиска-младите го гледаат тоа и иднината ја бараат надвор.“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати-ова е резултат на проблемите кои ги наследеле. Оттаму посочуваат дека се работи на реформи, а целта е членство во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: „Сметаме дека е реален, има многу работи кои се заостанати и резултат на проблемите кои ги наследивме, но ќе работиме посветено на реформите и неопходните чекори за просперитет и добробит на земјата и нашите граѓани. Наша цел е членство во ЕУ. А ние ќе бидеме спремни за тоа, кога ЕУ ќе биде спремна да не прими. Во однос на Бугарите имаме јасен став и тој став знаеме дека ни носи проблеми и недоразбирања, но тоа е принципиелен став и ние сме подготвени да разговараме за непречен евроинтегративен процес на нашата земја без несвојствени и непринципиелни барања.“

Според аналитичарот Љуљзим Фаризи треба да се извлечат поуки и да се следат модулите на државите во регионот,Романија, Хрватска, како и Албанија.

Љуљзим Фаризи-аналитичар: „Не треба реформите да ги правиме за Германците, Французите, тие си ги имаат нивните држави. Ние треба да ги правиме реформите за доброто на нашите граѓани. Тие 150 000 граѓани што не излегоа на избори ги чекаат овие реформи. На пример тие што не ги гласале ВМРО ДПМНЕ ги чекаат овие реформи. Ве уверувам дека ако тие ги направат овие реформи особено да направиме ветинг во правосудниот систем јас мислам тие автоматски ќе се вратат.“

Во извештајот е нотирана и трагедијата во Кочани. Стои дека Јавното обвинителство покрена обвинение, но и дека меѓу обвинетите се градоначалници, инспектори, поранешни министри и вработени во државни институции, се наведува превентивните мерки и ефикасното потиснување на корупцијата треба да се подобрат. Од Брисел со барање следната година да се усвои нов Кривичен законик во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img