Сосема се спротивни вештачењата на Обвинителството и одбраната како биле лекувани пациентите во случајот „онкологија 1“, во кој за несовесно лекување се обвинети тројца лекари од клиниката за онкологија Никола Васев, Симонида Црвенкова И Драган Јакимовски. Има сериозни отстапувања дури во стручниот наод и мислење, тврди адвокатот на Црвенкова.
Одбраната на Васев реагира, доктор Милан Ристевски, воопшто не смеел да биде ангажиран од Обвинителството за технички советник. Судот не го прифати оваа барање.
Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска рече дека при претрес на канцеларијата на Васев, полицијата нашла голем фрижидер во кој имало лекови за канцер на бели дробови, хормонски лек за рак на дојка, инјекции за спречување гадење, кои според стручњаците требале да бидат во клиничката аптека.






