Новоизбраниот градоначалник на Струга, Менди Ќура, вчера го прими уверението за мандатот, по што имаше примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко. Тој на прес-конференција се заблагодари за поддршката и повтори дека „почнуваат промените“ во општина Струга.
„Започнува ново поглавје за Струга! Со одговорност, транспарентност и пред сè со љубов кон нашиот град. Двете мои први одлуки како Градоначалник на Општина Струга се: Продажба на службеното возило и Распуштање на договорите за работа со сите оние кои не се појават на своето работно место. Ова е само почеток на едно управување кое им служи на граѓаните, а не на личните интереси. Струга се менува со дела, а не со зборови!“, рече Ќура.









