Сите тројца гореспоменати фудбалски великани пристигнаа во италијанската Серија А ова лето. Во поодминати години, Модриќ (40), Џеко (39), Варди (38) и Чиро Имобиле (35) сè уште можат да најдат нов клуб без никакви проблеми и да играат важна улога во нив.
Сепак, нивното доаѓање не е по вкус на сите. Паоло Барџиџа, италијански новинар кој беше гостин во фудбалската емисија „Centrocampo“, е огорчен од овие трансфери.
Барџиџа (62), кој работи за Corriere dello Sport и Mediaset, рече дека нема смисла да се доведуваат постари играчи бидејќи никој „не сака да плати за да ги гледа“.
„Тоа е срам. Модриќ во Милан, Џеко во Фиорентина, Варди во Кремонезе, Имобиле во Болоња… Завршени играчи. Пиза која го носи Куадрадо и Албиол кој има 40 години. Тоа е за срамота. А потоа се жалат велејќи дека луѓето плаќаат пет пати повеќе за да ја гледаат англиската Премиер лига. Кој ќе плати за да гледа гробишта на слонови? Модриќ е важен за Милан само во главата на Алегри. Јасно е дека Модриќ е шампион. Но, Милан го потпиша Ричи за 25 милиони евра кој има 24-25 годиони, а игра 40-годишник!? Нешто не е во ред“, рече огорчениот Барџиџа.
За потсетување, Џеко го замени дресот на Фенербахче со Фиорентина ова лето, но сè уште чека на својот прв гол за „Виола“ во Серија А. Одигра 5 натпревари во лигата, но само еднаш како стартер.
Од друга страна, Лука Модриќ стана важен дел од почетната постава на Масимилиано Алегри и, судејќи според натпреварите на почетокот на сезоната, не покажува знаци на забавување.
Варди дојде во Кремонезе при крајот од преодниот рок откако замина од Лестер уште во јуни и не е во натпреварувачка форма. Поигра на 2 натпревара влегувајќи од клупата, вкупно 63 минути.
Имобиле уште во првото коло играјќи за Болоња против Рома се повреди и во 30-тата минута го напушти теренот. Се очекува да се опорави на крајот од месецов.






