HomeМакедонијаНови компании за медицински канабис остануваат без лиценци

Нови компании за медицински канабис остануваат без лиценци

- Advertisement -spot_img

Уште најмалку три компании за одгледување канабис за медицински цели остануваат без дозволи за работа. Здравствените власти без конкретен одговор, какви пропусти се утврдени при инспекцискиот надзор. Претходно, лиценците ги загубија шест фирми што не ги почитувале законските правила. Вонредните контроли утврдија дека сувиот цвет несоодветно е складиран, продажба не се пријавувала, камерите за надзор не работеле, други немале обезбедување

„Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира. Не сакам многу информации да споделувам, работат правниците, процесот е сензитивен, работат правниците и комисијата, ќе имаме прес-конференција и ќе ве известиме за неправилностите“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Контроли се спроведени кај 23 фирми, од 43 кои имаа лиценци за одгледување канабис за медицински цели. Најавени измени во правилниците кои го контролираат овој бизнис.

По полициската акција за заплена на марихуана, фирмите кои произведуваат медицински канабис се под постојан надзор. Според надлежните – најспорен е правилникот, кој отворил простор за криминал.

Досега во акцијата на Министерството за внатрешни работи се запленети над 40 тони канабис, Обвинителството отвори истрага против шест лица вмешани во шверц на марихуана од Македонија во Србија. Од МВР велат дека постои сомнеж дека и други компании се поврзани со шверцот и дека станува збор за криминална група.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img